Македонија ги виде ривалите на дело – Грците немоќни пред Полска

Денеска стартуваше ЕХФ шампионатот за кадети во Скопје, а на програмата беа три средби во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонија е дел од групата А заедно со Грција и Полска, но во првото коло беше слободна, па селекторот Кире Лазаров имаше можност да ги скенира ривалите.

Полска без особени проблеми славеше против Грција со 28-17, а на полувремето имаше предност од 13-9.

Најдобар поединец во победничката селекција беше Молски со пет, а петмина ракометари постигнаа по три погодоци, додека кај јужниот сосед се истакнаа Коционис и Пагијатис со по четири гола.

Во групата Б, Швајцарија беше убедлива против Грузија со 38-20, а Босна и Херцеговина без мака ја победи Украина со 37-19.

Нашите кадети утревечер од 20:30 часот ќе се соочат со Грција во СЦ „Борис Трајковски“.