Македонија беше рамноправна и парираше, но остана без бодови против Словенија

Репрезентацијата на Македонија го отвори со пораз Европското првенство откако против Словенија одигра добро, но загуби со 25:27 и остана без бодови иако 60 минути парираше и беше добар противник. Сепак, грешките, како и искуството на противникот беа пресудни кој ќе дојде до победата на овој натпревар.

Македонија отвори одлично и брзо обезбеди 4:1. Овие три гола дадоа надеж особено бидејќи ова беше натпревар во кој Македонија влезе без Кирил Лазаров. Сепак, на овие плус три, противникот одговори со шест гола во серија користејќи ја кризата во нападот на Македонија и сега резултатот беше 4:7.

Иако негативата беше три гола, сепак, Македонија не се предаваше туку момците играа цврсто. се правеа измени за да се смени ритамот на играта и во нападот и во одбраната што даваше резултати, па резултатот беше израмнет на 8:8. Неколку минути се играше во ритам гол за гол при што главно или се грешеше паралелно или се реализираше. Тоа овозможи игра во која постојано беше неизвесно и имаше комплетна резултатска тензија.

При 10:10 во 25. минута следуваа три гола од Словенците, па на крајот на првото полувреме резултатот беше негативен за Македонија. На одмор беше 10:13, а многу брзо на почетокот на вториот дел противникот отиде на плус пет, 12:17 и тоа во моментите кога Македонија играше со седум во напад.

И ова не беше демотивирачки туку напротив беше причина за ново засилување на ритамот. Имаше многу идеја, многу мотив кај момците кои успеаја да се вратат и да дојдат до гол негатива, 18:19. Ова беше одново шанса за фаќање на добар ритам.

Имаше грешки во играта на Македонија, но имаше и во играта на Словенија. Македонија беше 7-8 минути бе погодок, а тоа резултираше со враќање на негативата од полувреме од три гола, 18:21.

Според тоа како течеше натпреварот и како репрезентативците на Македонија играа заслужија многу на овој дуел бидејќи постојано беа активни. Сепак, имаше премногу грешки во моменти кога можеби требаше да се смири, но во жарот на играта и борбата за подобар резултат и тоа е составен дел од играта.

На пет минути до крајот, сепак, стана јасно дека победата ќе биде тешко достижна, па момците мораа да се помират дека ќе претрпат пораз. Иако одиграа храбро, мотивирано, покажаа многу идеја, имаа одличен Томовски на голот, сепак, грешките ги чинеа пораз на стартот на Европското првенство.

На крајот беше 25:27 така што Македонија ќе мора првите бодови да ги бара против селекцијата на Црна Гора в сабота.

13 јануари 2022
27 - 25
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
13 јануари 2022 18:00 EURO22 A 2021/2022 13.01.2022 60'

Место

„ФЕНИКС ЧАРНОК“ ДЕБРЕЦЕН

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СЛОВЕНИЈА1327Победа
МАКЕДОНИЈА1025Пораз

СЛОВЕНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јоже Базникголман00
2Сташ Скубецентрален бек03
3Блаж Благотиншекпивот24
5Ник Хенигманлев бек01
6Гашпер Маргучдесно крило01
8Блаж Јанцдесно крило03
11Јуре Доленецдесен бек05
15Вид Потекопивот00
17Нејц Цехтедесен бек13
20Тилен Кодринлево крило03
23Миха Зарабеццентрален бек01
25Тилен Соколиќлево крило00
35Домен Макуццентрален бек01
51Борут Мачковшеклев бек02
95Матиц Сухолежникпивот30
99Урх Кастелицголман00
 Вкупно 627

МАКЕДОНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Мартин Велковскидесен бек03
5Стојанче Стоиловпивот02
8Цветан Кузманоскилево крило18
9Игор Ѓоргиевцентрален бек00
11Филип Талескилев бек04
12Мартин Томовскиголман00
13Филип МиркуловскиСреден бек00
16Градимир Чаневскиголман00
18Филип Кузмановскилев бек15
19Ненад Костескидесно крило00
22Гоце Георгиевскидесно крило00
25Горан Крстевскицентрален бек00
33Жарко Пешевскипивот02
66Бојан Маџовскилево крило00
77Мартин Серафимовдесен бек00
97Марко Мишевскилев бек01
 Вкупно 225