Македа го наполни голот на Полска, но Шпанија победи само со гол разлика

На последниот контролен натпревар кој беше одигран денеска селекцијата на Шпанија дојде до тешка победа против Полска со 26:25.

Шпанците беа во предност во поголемиот дел од натпреварот, но на крајот беше неизвесно и возбудливо бидејќи репрезентативците на Полска парираа во поголем дел од средбата и беа квалитетен ривал.

Резултатот на полувреме беше 15:12 во корист на Шпанците кои во финишот имаа и 25:22. Сепак, на крајот беше само еден гол, 26:25 што беше исто така сосема доволно за триумф.

Во оваа победа на Шпанија убедливо најефикасен беше Хорхе Македа со седум гола, додека пет погодоци имаше Анхел Фернандез. Кај Полјаците, седум гола постигна Морито, а шест имаше Дачек.

Ова беше генералката за двете селекции пред почетокот на Европското првенство. Шпанија е во Групата Е со селекциите на Шведска, Чешка и БиХ. Полска игра во групата Д со Германија, Австрија и Белорусија. И двете групи се играат во Словачка.