Магија на Ненадиќ – му ја „сокри“ топката на Ремили и стрелаше во мрежата на ПСЖ (ВИДЕО)

Унгарскиот шампион Веспрем имаше победнички старт во новата сезона од Лигата на шампионите.

На домашен терен избраниците на Момир Илиќ славеа над францускиот ПСЖ со 34-31 со пресврт во вториот дел.

Еден од погодоците кои заслужуваат да бидат погледнати и по неколку пати, е оној на Петар Ненадиќ во 47 минута.

Србинот најпрво направи лажно движење, го мина Лука Карабатиќ, му ја „сокри“ топката на Ремили и потоа погоди во мрежата на ПСЖ.

Погледнете…