Магдинчев ја носи Вуштрија до место во Европа

Македонскиот стратег Ристо Магдинчев има успешна пролет со косовската екипа Вуштрија со одлични резултати во тамошната Суперлига.

Иако тимот на Вуштрија како шестопласиран обезбеди место во разигрувањето за титулата, сега се наоѓа на третата позиција.

На последниот натпревар Вуштрија славеше со пресврт во финишот кај Кастриоти со 32-27, а први стрелци во тимот на Магдинчев беа Дракуловиќ и Никочевиќ.

Сега Вуштрија има 25 бода на третото место, додека Раховеци и Приштина имаат по 23 на следните две позиции.

По завршувањето на Суперлигата, првите четири екипи ќе обезбедат место во полуфиналето на плеј-офот, како и место во европските купови.