Магдинчев: Со ваква одбрана, на сите во лигата ќе им направиме проблеми

Тиквеш славеше во првото коло од групата на Струшкиот турнир против Металург со 30-26, најмногу по заслуга на голманот Александар Стојаноски кој собра 18 интервенциии.

Тренерот Ристо Магдинчев е задоволен по оваа победа, но вели дека неговиот тим ќа има уште многу да покаже.

„Работевме напорно на висинските подготовки, но моите играчи имаа добра кондиција, иако се малку тешки. Сега почнуваме со натпревари, па се надеваме дека добро ќе се подготвиме добро пред стартот на сезоната. Основната цел ни е плеј-оф, но прво да го обезбедиме опстанок. Овој резултат ми дава оптимизам, знам што работиме, знам дека ќе ја имаме една од најбрзите транзиции во лигата бидејќи имаме таков играчки кадар. Во овој момент мислам дека сме на некои 60-70% од можностите. Кога ќе ни се врати Симиќ, па ќе донесеме и уште еден бек, па со ваква одбрана, ќе направиме голем проблем на сите во лигата“, вели Магдинчев за 24Ракомет.

Кавадарчани утре се слободни, а в сабота ќе се сретнат со Еурофарм Пелистер.