Магдебург ја шокираше Барселона, ја симна од тронот на Супер Глоуб

Екипата на Магдебург е новиот освојувач на Супер Глоуб турнирот откако денеска го совлада тимот на Барселона со 33:28 во интересен натпревар во кој му приреди голем шок на противникот. Барса дојде како фаворит за нова одбрана на круната, но не успеа да дојде до неа.

„Гладијаторите“ беа во предност во поголемиот дел од натпреварот и имаа 19:16 после првиот дел. Во второто полувреме продолжи контролата на играта и резултатот. Во финишот беа обезбедени 33:25 така што Барселона само можеше да го ублажи поразот.

Магнусон постигна седум гола во победата над Барселона, а по четири имаа Мертенс, Дамгард и Саугтруп. Јаник Грин имаше 14 интервенции. Во Барса Мем имаше 10 гола, а Гомез Абељо седум. Перез де Варгас имаше 17 одбрани, но тоа не помогна.

После три титули во серија, Барселона е само втора овој пат, а има вкупно пет круни и е на врвот. Тимот на Магдебург, пак, во своето второ учество доаѓа до првата круна откако во 2002 година беше второпласиран.

Третото место го зазема тимот на Алборг, кој немаше проблеми против Пињеирос.

РЕЗУЛТАТИ

ФИНАЛЕ

МАГДЕБУРГ – БАРСЕЛОНА         33:28

3. МЕСТО

АЛБОРГ – ПИЊЕИРОС  34:29

5. МЕСТО

ЗАМАЛЕК – АЛ ВЕДА    42:22

7. МЕСТО

АЛ НОР – АЛ ДУХАИЛ  22:38