Луксембург на пат до Скопје

Првиот ривал на машката репрезентација на Македонија е селекцијата на Луксембург, која веќе е на пат за Скопје.

Со лет од Луксембург до Виена, а потоа до македонската престолнина, ракометарите и стручниот штаб ќе допатуваат во Скопје некаде пред пладне.

Ракометарите на селекторот Никола Малешевиќ не се многу познати за јавноста, но се издвојуваат неколку имиња – левиот бек Хофман, средниот бек Рафаел Гуден, а тука се и натурализираните Милашин Тривиќ, кој игра на пикерската позиција и десниот бек Јосип Илиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.