Лузер на денот: Тренерот повика тајм-аут и го остави својот тим без победа (ВИДЕО)

Екипите на Кил и Пик Сегед одиграа нерешено 32:32 во натпреварот од 5. коло во Групата А од Лигата на шампионите, а гостите од Унгарија можеа до победа доколку тренерот Хуан Пастор не беше побрз од Мирко Алиловиќ.

Голманот на Пик Сегед одбрани удар на Кил и веднаш упати шут на празниот гол на Кил, а тоа ќе беше доволно за триумф, но Пастор повика тајм-аут и мораше одново да се уфрли топката во игра ака што голот беше поништен.

Затоа место победа имаат само бод, а виновник е тренерот.