Луд натпревар во Будимпешта: Будуќност прокоцка плус седум, на крајот се спасуваше од елиминација

Тимот на Будуќност е четвртиот четвртфиналист во женската Лига на шампиони, откако загуби на гостувањето кај Ференцварош во Будимпешта со само еден гол разлика, 29-28.

Црногорките имаа плус три од првиот натпревар, играа одлично во првиот дел, на стартот на вториот имаа и плус седум на три пати.

Сепак како одминуваше времето така ФТЦ се враќаше во игра. По 24-26 во последните десетина минути, домаќинките кои беа без тренерот Габор Елек, поведоа со 28-26 и имаа напад за плус три.

Малештајн не реализираше и шансата отиде во неврат. На крајот пораз за Будуќност не е болен, па може веќе да прави планови за четвртфиналето на ЛШ.

Најдобри стрелци во црногорскиот првак беа Радичевиќ со девет и Рамусовиќ со шест гола, а кај ФТЦ, Болк постигна пет погодоци.