ЛУДА ЗАВРШНИЦА: Постигнаа три гола во последните 24 секунди и се спасија од пораз (ВИДЕО)

На Европското првенство за кадети кое се одржува во Хрватска, репрезенатцијата на Шпанија направи неверојатен кам-бек на крајот од натпреварот против Словенија и успеа негативата од три гола разлика да ја анулира за 24 секунди.

Младите ракометари на Словенија водеа со 37:34 пред самиот крај на натпреварот, но упорните репрезентативци на Шпанија приредија вистинско изненадување, а голот за израмнување на резултатот беше постигнат во последните секунди.

Натпреварот заврши нерешено, 37:37, а репрезентатвците на Шпанија освојувањето на бодот го прославија како голема победа. Најдобар стреелц на натпреварот беше репрезентативецот на Словенија, Митја Јанц кој постигна неверојатни 17 гола во мрежата на шпанците.

Со нерешениот резултат, Шпанија ги задржа шансите за пласман во полуфиналните битки, додека Словенија пропушти прилика да го осигура местото меѓу четирите најдобри репрезентации во Хрватска.