Луда двојна одбрана за ТВ шпици (ВИДЕО)

Во натпревар од француското првенство, Шарт на свој терен беше поразен од Тулуз со 33:31.

Победата на гостинскиот тим остана незабележана бидејќи главна атракција беше голманот на Шарт, Небојша Граховац.

Босанскиот интернационалец во еден момент од натпреварот забележа двојна одбрана која сигурно уште долго време ќе се врти на ТВ шпиците.

Таа беше прогласена за најдобра на колото во Франција и може да ја погледнете на крајот од видеото…