Логатец на Димитриевска го сруши некогашниот словенечки првак!

Македонската интернационалка Ива Димитриевска, која во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, заедно со екипата на Ѕвезда Логатец се израдуваа на нова победа во словенечкиот шампионат.

Ѕвезда Логатец во натпревар од 10. коло од шампионатот на Словенија на гостински терен кај некогашниот словенечки шампион Олимпија, го запиша седмиот сезонски триумф, триумфираше со три гола разлика, 26:23.

Поранешната ракометарка на Куманово во дуелот со Олимпија двапати се запиша во листата на стрелци.

Клубот на Димитриевска со новите освоени бода се позиционираше на 3. позиција на табелата и има големи шанси да избори пласман на европска сцена.