Литванска свирка за најважниот мундијалски меч на Македонија

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло на Светско првенство.

Македонија ќе игра против Аргентина од 18:00 часот во „Таурон Арена“, а правдата ќе ја делат литвански судии.

Станува збор за Ваидас Мажеика и Миндаугас Гателис, додека делегат ќе биде Јован Попадиќ од Србија.

За Македонија има само една опција, мора да победи против Аргентина, ако сака пласман во главната рунда на СП.