Листа на стрелци: Николовска најефикасна, есента ја заврши пред Анчева и Блажевска

Ракометарката на Чаир, Анастасија Николовска на крајот од есенскиот дел се најде на врвот откако успеа во последното коло да ја помине Блажевска која беше лидер од стартот на сезоната. Покрај Николовска и Марија Анчева успеа да заврши пред ракометарката на Кузман Вардар Илинден така што на крајот од есента има три ракометарки со над 100 погодоци.

Блажевска која долго беше лидер сега е на 3. место, но разликата меѓу најефикасните три ракометарки е шест гола што значи дека во пролетниот дел ќе биде максимално интересно.

ЖЕНСКА ЛИГА

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 13. КОЛО)

ТОП 10

118 – Анастасија Николовска (Чаир)

116 – Марија Анчева (Пелистер)

112 – Ивана Блажевска (Кузман Вардар Илинден)

89 – Ангела Цветановска (Ѓорче Петров)

89 – Магдалена Делиоска (Стружанка)

77 – Мартина Стефановска (Спартак)

72 – Јасмина Попова (Гевгелија)

71 – Андреа Седлоска (Вардар)

70 – Ана Георгиевска (Алушовски)

70 – Марија Николовска (Чаир)