Линц и Костески стартуваа со пораз во борбата за опстанок

Екипата на Линц беше поразена од Грац со 27:33 во плеј-аут борбата за опстанок во најквалитетното натпреварување во Австрија.

Ракометарите на Линц иако имаа предност до 12. минута во првиот дел, Грац со серија на голови успеа да се врати во игра и не дозволи поголем отпор на противничката екипа. Првото полувреме заврши со резултат 19:14 за Грац.

Во второто полувреме ситуацијата беше непроменета на теренот. Линц имаше шанса целосно да се врати во игра кога израмни на само еден гол разлика, 25:24, во 45. минута, но домашната екипа во последните петнаесетина минути се покажа како подобар противник.

На овој натпревар ракометарот од Македонија, Никола Костески беше стрелец на два гола од исто толку удари. Својата поправна шанса Линц и Костески ќе ја бараат на следниот натпревар против Бернбах на домашен терен.