Лидерот со полн плен од Куманово

Екипата на Куманово остана без бодови против тимот кој е лидер во Групата Б од Првата машка лига откако загуби дома со 27:34.

Домашните имаа подобро отворање на средбата и поведоа со 4:1. Имаа плус три неколку минути, а после 7:4 падна ритамот и гостинскиот состав фати приклучок, а дојде до израмнување при 8:8.

Потоа следуваше и целосен пресврт, па до полувреме беше создадена предност од четири гола за на одмор да се замине со 15:11.

Во вториот дел од средбата гостите ја чуваа предноста и ја зголемија така што постојано имаа контрола на резултатот и без проблеми дојдоа до победата и до нови бодови.

КУМАНОВО – АЛКАЛОИД 27:34 (11:15)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

КУМАНОВО: Кимевски, Трајковски, Б. Цветковски, Димитров, Кузмановски, Д. Цветковски 1, Тасевски 9, Миладиновски 2, Трајчевски 1, Петковски 5, Димовски 1, Постоловски 6, Димковски, Костовски, Даневски 2, Михајловски

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 12 мин.

АЛКАЛОИД: Галевски, Ермaноски, Стојков 5, Серафимов 4, Илиески 2, Омерагиќ, Ѓоргиев 4, Иваноски 1, Симоноски, Тодески 6, Кофилоски 4, Димовски 6, Костовски, Георгиевски, Стојковиќ 1, Узунчев

Седмерци: 1/4, Исклучувања: 16 мин.