Лига на шампиони: Будуќност во победнички ритам, нова катастрофа на ЧСМ Букурешт

Во првото коло од втората фаза во Лигата на шампиони за жени домашните екипи беа сигурни пред своите гледачи со исклучок на Кристиjансанд кој единствено беше поразен пред своите гледачи.

Шампионот на Црна Гора, Будуќност пред своите гледачи не дозволи изненадување и ја совлада екипата на Савехоф со 30:25. Уште по првиот дел Црногорките имаа добра предност кога беше 18:14, а во продолжението сигурно го одржаа за конечна победа.

Еден од поинтересните натпревари го одиграа Мец и Ростов кој го добија домаќинките со многу подобра игра во вториот дел. На полувреме беше 11:11, во продолжението Мец имаше и највисока предност од седум гола, а до крајот Рсотов го ублажи поразот.

Влчеа и ФТЦ Раил Карго остварија високи победи на домашен терен против Крим односно ЧСМ Букурешт, а единствената гостинска победа ја оствари Есбјерг кај Кристиjансанд. Дербито во ова коло го играат Ѓер и Брест во недела од 19 часот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ

ВТОРА ФАЗА

РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО

ГРУПА 1

МЕЦ – РОСТОВ 23:20 (11:11)

ФТЦ РАИЛ КАРГО – ЧСМ БУКУРЕШТ 33:23 (19:10)

КРИСТИАНСАНД – ЕСБЈЕРГ 31:35 (15:16)

ТАБЕЛА: 1. Мец 8 бода (147-127), 2. Есбјерг 6 (139-136), 3. Кристијансанд 5 (151-150), 4. Ростов 5 (126-125) 5. ФТЦ Раил Карго 3 (136-146) 6. ЧСМ Букурешт 3 (113-126).

ГРУПА 2

ВЛЧЕА – КРИМ 31:16 (14:8)

БУДУЌНОСТ – САВЕХОФ 30:25 (18:14)

ЃЕР – БРЕСТ недела, 19 часот

ТАБЕЛА: 1. Ѓер (-1 меч) 8 бода (135-97), 2. Брест(-1 меч) 8 (130-107), 3. Будуќност 6 (134-131), 4. Валчеа 2 (117-123), 5. Савехоф 2 (124-152), 6. Крим 2 (114-144).