Летаа десет часа со воен авион и на крајот загубија од Фарски Острови (ФОТО)

Репрезентацијата на Чешка обезбеди пласман на Европското првенство во 2022 година со победата против Украина во последното коло и третпат по ред ќе настапи на собирот на најдобрите во Европа.

Во последниот циклус од квалификациите Чесите одиграа три натпревари во густиот распоред. Првиот натпревар од трите го играа во Украина на 28 април кој беше еден од најзначајните и славеа победа со 28:26, а веќе за два дена требаше да гостуваат на Фарските Острови.

Чешка од Запорожје преку Прага, каде што авионот мораше да се врати на два часа, патуваше до Фарските Острови и имаше десетчасовно исцрпувачко патување после кое беа неочекувано поразени.

За ова патување тие имаа обезбедено авион од владата на земјата за да имаат подобри услови за одмор и удобно патување. Но на крајот, не се покажа баш така.

„Патувањето беше долго и навистина напорно. Полетавме од Украина во десет часот навечер и сите се обидувавме да спиеме колку што можеме повеќе. Заморот после патувањето и натпреварот беше екстремен, но сите го надминавме тоа и добро се подготвиме за натпреварот“, коментираше голманот Мартин Галиа.

И покрај неочекуваниот пораз Чешка обезбеди пласман на ЕП со втората победа против Украина. Дури и доколку не победеа ќе играа на првенството како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации.