„Летаа глави“ во Хрватска – и Лино Червар остана без функција во ХРС!

Хрватскиот ракометен сојуз денеска го разреши од функцијата селектор Хрвоје Хорват, а со него заминува и целиот стручен штаб, како и координаторот на сите машки селекции – Лино Червар.

Ова се случи по неуспехот на Хрватска на последното СП, кога „коцкестите“ не успеаја да обезбедат место во четвртфиналето.

Во соопштението на ХРС, покрај информацијата за назначувањето на новиот селектор Горан Перковац, објавено е дека се укинува функцијата координатор на репрезентациите.

Тоа значи дека некогашниот македонски селектор и тренер на Металург, Лино Червар ќе остане без функција и работа во хрватскиот ракомет. Тој во изјава за „24 Сата“ беше краток.

„Сега е Зоран Гобац задоволен и ОК“, изјави Червар, кој на прашањето дали заминува од хрватскиот ракомет не одговори.

Тој со мали прекини 14 години беше дел од машкиот репрезентативен ракомет на повеќе функции.

Хорват е минато, Хрватска има нов селектор!