Лесно е кога имаш ваква помош: Кучето на ракометарка на Ѓер знае да прави склекови (ВИДЕО)

Паузата тешко им делува на спортистите и никој не може да седи во место во тешкиот период во кој се бара од нив да останат во карантин.

Секој наоѓа начин како да го помине времето, но и да остане во добра кондиција бидејќи доколку сезоната продолжи ќе нема време за подготовки.

Едно интересно видео доаѓа од ракометарката на Ѓер, Кари Братсет. Таа во домашни услови прави различни вежби, а помош има од своето куче. Дури успеала да го научи да прави и склекови.