Лесни бодови за Куманово против Кузман Вардар

Екипата на Куманово оствари многу лесна победа на гостувањето во Илинден кај Кузман Вардар. Кумановки триумфираа со 40:15 над новиот член на Женската лига.

Победникот на овој натпревар лесно можеше да се претпостави и пред да започне мечот, а Куманово само го потврди тоа. Кузман Вардар не беше никаква закана за вицешампионот. По првото полувреме беше познато сè кога гостите имаа предност 23:7.

Вторите 30 минути беа формалност, а тренерот Симовски им даде шанса на сите ракометарки за настап. Најефикасна за Куманово беше Мила Трајковиќ со девет погодоци, а Васка Глигоријадис постигна шест. Во составот на Кузман Вардар по пет постигнаа Блажевска и Русевска.

КУЗМАН ВАРДАР – КУМАНОВО 15:40 (7:23)

Сала: Гоце Делчев во Илинден. Гледачи: 30. Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар. Делегат: Митко Ѓорѓиевски.

ВАРДАР КУЗМАН: Ѓорѓиева 1, Сандева, Додевска, Бојковска, Фидановска, Јакимовска 1, Ристевска, Бурезер, Блажевска 5, Филипова 3, Петровска, Ангеловска, Кириловска, Русевска 5, Спасовска.

Седмерци: 6/7. Исклучувања: 6 мин.

КУМАНОВО: Боризовска 5/9, Шарановиќ 3/4, Трајковиќ 9/9, Јанкуловска 1/4, Гичевска 3/4, Пецанова  3/4, Кипријановска 3/6, Глигоријадис 6/12, Чокели 2/2, Марковиќ 0/1, Краљевска 3/3, Цветановска 1/2, Радевска 1/1, Косановиќ, Наумовска, Стојчевска.

Седмерци: 3/4. Исклучувања: 8 мин.