Лесли ќе остане без ангажман на лето

Поранешниот тренер на Сара Ристовска во ЦСКА Москва, Јан Лесли на крајот на натпреварувачката сезона 2022/23 предвреме ќе го напушти данскиот суперлигаш Хорсенс Елите.

Иако искусниот стратег имаше договор до јуни, 2024 година, сепак, на лето ќе го заврши својот клупски ангажман во клубот од Хорсенс.

Од Хорсенс Елит информираа дека поради финансиски проблеми не се во состојба да го задржат Лесли, кој во минатата сезона со своите избранички успеа да обезбеди опстанок во најквалитетното натпреварување во Данска.

Лесли откако ја напушти ЦСКА Москва, клуб со кој обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, го презеде кормилото на Хорсенс Елит и со тимот имаше забележителни резултати во данскиот шампионат.

Данецот во периодот од 2014 до 2017 година го предводеше Ростов Дон, додека од 2019, па сѐ до март, 2021, беше на кормилото на ЦСКА Москва. Во својата тренерска кариера беше дел и од екипите на Алборг, Есбјерг и Рандерс.