Лемго се поздрави со Македонецот: Борко Ристовски се враќа на голот на Вардар

Македонскиот голман Борко Ристовски по одигрувањето на последното коло од есенскиот дел од Бундес лигата, го заврши краткиот договор со Лемго и се враќа назад на голот на шампионот Вардар.

Ристовски имаше неколку одлични партии на голот на бундеслигашот, а ќе се памети таа во Купот против Елбфлоренц, кога му обезбеди пласман на Лемго во четвртфиналето.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот и на прекрасните фанови за минатите неколку месеци. Ми беше чест да бидам дел од еден тим каков што е Лемго. Му посакувам само успеси во иднина и убеден сум дека тимот ќе им приреди само уживање на фановите“, вели Ристовски за клупскиот веб-сајт.

Тој веќе се врати во Вардар, каде што веќе се Мартин Томовски и Васил Гогов и ќе се обиде да му помогне на тимот во одбраната на шампионската титула.