Лемго се вмеша во битката за трофеи, после 19 години го освои Купот на Германија

Некогаш еден од тимовите кои редовно беа во трка за титулата, Лемго конечно успеа да дојде до трофејот во Купот на Германија откако денеска во финалето го совлада Мелзунген со 28:24.

Ова беше финале за сезоната 2019/20, а Лемго одработе убава средба. После 19 години успеа да дојде до титулата во натпреварувањето така што успеа да направи одличен резултат.

За тимот на Лемго ова е четврта круна во Купот на Германија. Претходно трофеите беа освоени во 1995, 1997 и 2002 година.

Карлсбогард и Цербе беа најефикасни со по пет погодоци, додека кај поразениот тим Павловиќ погоди шестпати.

Поради ситуацијата со Ковид 19 немаше натпревари од Купот во оваа сезона така што за 2021 нема да се води освојувач на Купот на Германија.