Лемго и Ристовски го срушија Кил

Ракометарите на Лемго направија голема сензација во Бундеслигата, откако триумфираа против Кил со 33:32 (18:14) во натпревар од 9. коло во најквалитетната лига на светот.

На овој натпревар деби настап имаше Борко Ристовски, кој пред неколку дена се пресели во редовите на Лемго каде ќе настапува на позајмица од Вардар, но само два месеци, односно до крајот на годината.

Македонецот не доби голема минутажа, бранеше осум минути и успеа да забележи една интервенција.

Најефикасен во победничката екипа беше Самуел Зиндер со девет погодоци, додека во таборот на „зебрите“ листата на стрелци беше предводена од Никола Билик со шест погодоци.