Лекиќ потпиша за Будуќност, им се придружи на Радичевиќ и Лазовиќ

Поранешната ракометарка на Вардар и актуелна членка на ЧСМ Букурешт, Андреа Лекиќ се договори со шампионот на Црна Гора, Будуќност и за овој тим ќе почне да настапува од ова лето.

Лекиж потпиша договор на две години така што ќе биде големо засилување за клубот кој секоја година е меѓу оние кои претендираат за пласман на Ф4 турнирот во Лигата  на шампионите.

Репрезентативката на Србија во 2013 година беше прогласена за најдобра ракометарка во светот, а во својата карирера го носеше дресот и на тимовите на Крим и Ѓер. Со Вардар имаше неколку одлични сезони, но пред две години мораше да си замине со другите интернационалки.

Сега во Будуќност ќе има одново можност да игра со Јованка Радичевиќ и Барбара Лазовиќ, кои минатото лето пристигнаа во Будуќност после една сезона во тимот на ЧСМ Букурешт.