Лекиќ и Цвијиќ „удрија“ по Будуќност, Војводина се врати од мртвите!

Денеска беа одиграни и дел од елиминациските средби во европските купови во машка и женска конкуренција.

Во женската ЛШ, Ференцварош славеше во Подгорица кај Будуќност со 28-24 и се доближи до четвртфиналето. Најдобар стрелец во унгарскиот тим беше Малештајн, а екс вардарките Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, дадоа четири, односно еден гол.

Во вториот меч данскиот Оденсе немаше никакви проблеми против норвешкиот Сторхамар и славеше со девет гола, на натпревар кој го судеше македонската двојка Карбеска и Илиева.

Во Лигата на Европа, Валчеа го победи данскиот Никобинг, а унгарскиот Шиофок предводен од екс тренерот на Вардар, Урош Брегар, загуби од данскиот Икаст со десет гола разлика.

Во Европскиот Куп за мажи, казнетата Вовјодина, која играше пред празни трибини, дома славеше со 31-30, иако во текот на мечот губеше со шест гола разлика. Стрелец на победничкиот гол беше пивотот Живан Пешиќ.

Лига на шампиони, жени, осминафинале:

Сторхамар – Оденсе 21-30
Будуќност – Ференцварош 24-28

Лига на Европа, жени, четвртфинале:

Валчеа – Никобинг 32-29
Шиофок – Икаст 20-30

Европски Куп, жени, полуфинале:

Анталија Коњалти – Михаловце 31-24

Европски Куп, мажи, четвртфинале:

Војводина – Горење 31-30
Бањик Карвина – Рунар 31-34