Tea PIJEVIC (91) during the Women’s EHF EURO 2020 Norway, Denmark, Preliminary Round, Group C, Hungary vs Croatia, Kolding Arena, Kolding Denmark, 04.12.2020, Mandatory Credit © Stanko Gruden / kolektiff

„Ледената кралица“ е талентирана и за фудбал – знае да „дрибла“ како Марадона

Голманката на Хрватска, Теа Пијевиќ, по одличниот настап на Европското првенство во Данска стана многу популарна во својата земја.

Иако таа не сака многу да се експонира во јавноста, медиумите сепак дознаа интересни работи за „ледената кралица“.

Никола Шкориќ, еден од првите тренери на Пијевиќ за „Вечерњи лист“ откри дека голманката била неверојатно талентирана и за фудбал.

„Пијевиќ е спортист од глава до пети. Пред да започне да тренира ракомет, тренираше фудбал. Ние на тренинзите знаевме понекогаш и да се загреваме со фудбал, а Теа играше неверојатно. Често знаеше да ги „издрибла“ сите играчи до гол, како Марадона“, изјави Шкориќ.

По неуспешната епизода во францускиот првак Мец, Пијевиќ потпиша договор со Алба Фехервар и сега настапува во унгарскиот шампионат.