Легендата на полскиот ракомет се враќа дома, но тимот не е Келце

Ракометарот од Полска, Михал Јурецки после само една година во редовите на Бундеслигашот, Флензбург се враќа во својата земја, но овој пат тимот нема да биде Келце.

Јурецски се договори со составот на Азоти Пулави и ќе биде големо засилување за оваа екипа, која ќе се обиде да им се спротивстави на Келце и Висла Плоцк.

„Михал беше на списокот на желби на тренерот Ларс Валтер. Ова е еден од двајцата играчи кои тој ги посака, а вториот е средниот бек од Србија, Јосип Периќ. Со Јурецки ги завршивме сите работи околу трансферот така што тој е наш играч“, велат од Азоти Пулави.

Јурецки имаше двегодишен договор со Флензбург, но веќе е јасно дека нема да го одработи целиот договор со оваа екипа. Тој на почетокот на сезоната 2020/21 пристига во тимот кој досега беше во сенка на Келце и Висла Плоцк, а ќе биде интересно да се види дали со Јурецки ќе може да биде многу поконкурентен.