Легендарниот Шекил О’Нил ја поздрави ѕвездата на СП – Мвумби се пофали на Инстаграм (ФОТО)

Пикерот на Конго, Готје Мвумби, кој стана главна атракција на Мундијалот во Египет, доби порака на социјалните мрежи од легендарната НБА ѕвезда, Шекил О’Нил, и потврди дека има нов прекар – Ел гиганте.

Мвумби, за кој се полемизиршае во јавноста колку килограми тежи го привлече вниманието на јавноста, а популарниот Шек му се обрати на Инстаграм.

„Велат дека ти си ракометниот Шек, што се случува?“, го праша Шек конгоанскиот репрезентативец.

Мвумби се заблгодари за поддршката.

„Сонот кој остана реалност, нешто што навистина не ми се веруваше. Мојот идол Шек, мојата ѕвезда, благодарам за пораките и за поддршката. Не разбирам што се случува, но пораката е таа – живеј го својот живот и бори се за тоа што си“, напиша Мвумби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @gauthiermvumbi