Легендарниот Унгарец има нов предизвик, ќе трча маратон

Најголемата ѕвезда на ракометот во Унгарија во последните две децении, Ласло Наѓ после повлекувањето од активното играње одлучи да се посвети на две работи.

Тој сега работи во раководството на Веспрем, но доби и време и можност да се посвети на трчањето кое добива на сè поголем замав низ целиот свет. Се подготвува да истрча маратон, а тоа не е шега.

Оние кои некогаш успеале да истрчаат трка од повеќе од 20 километри знаат колку е тешко да се распоредат силите и да се успее да се мине целта. Затоа предизвикот наречен маратон и трчање на делница од 42 километри и 195 метри е огромен предизвик особено за некого кој целата кариера ја минал на терен од 40×20 метри.

„Трчам трипати неделно и гледам да го направам тоа секогаш кога можам без разлика во кое место се наоѓам. Имам обврски со Веспрем, но наоѓам време. Без разлика дали ќе истрчам 15, 20, 30… километри се трудам да го искористам времето кое ми е на располагање. Имам среќа и што можам да одработам добро темпо бидејќи сум висок 207 сантиметри и тежок 118 килограми. Сепак, добро во целата ситуацијае што коленото не ме боли кога ќе се вратам дома. Кога бев играч после 3-4 километри морав да се повчечам бидејќи секогаш имав болки и морав да правам паузи. Сега моите трчања се карактеризираат со стабилно темпо што е едноставно добро за да можам да се подготвам за уште поголема далечина“, вели Наѓ.

Минатата година успешно го истрча полумаратонот во Будимпешта и затоа сега се подготвува за нов предизвик и сака на следниот да истрча маратон.