Легендарниот Словенец, Вид Кавтичник донесе одлука за кариерата

Ракометарот кој во последните 20 години е меѓу оние кои постојано носат квалитет плус во репрезентацијата на Словенија, Вид Кавтичник донесе одлука за неговата иднина во однос на играчката кариера која финишира со крајот на оваа сезона.

Кавтичник во својата кариера има голем број на успеси, а истата ја завршува во редовите на тимот на Ним.

Зад себе десниот бек од Словенија има две титули во Лигата на шампионите кои ги освои како играч на Кил и на Монпелје. Со тимот на Кил беше четирипати шампион на Германија, додека во Франција победуваше двапати. Со Словенија има освоено сребрен медал на Европското првенство во 2004 година, како и бронза на Мундијалот во 2017 година.

Во дресот на Словенија забележа 197 натпревари, а имаше и 543 погодоци.