Легендарниот Карабатиќ го продолжи договорот со ПСЖ

Екипата на ПСЖ успеа во своите редови да го задржи еден од најдобрите ракометари на светот Никола Карабатиќ.

Францускиот репрезентативец со ,,светците” се договори на нова соработка, која ќе биде со важност до 30 јуни, 2024 година.

Карабатиќ имаше договор со ПСЖ до крајот на натпреварувачката сезона 2022/23, па така двете страни предвреме се договорија да биде продолжена соработката.

Моментално најскапиот ракометар на светот во дресот на ПСЖ пристигна во текот на 2015 година од редовите на Барселона.

Легендарниот Карабатиќ е трикратен европски првак со Монпелје, Кил и Барселона, а со селекцијата на Франција исто така има три титули од Олимписките игри, на кои сака да игра и во 2024 година во Париз.