Легендарниот Врањеш се враќа во Фленсбург, но не како тренер!

Еден од легендите на Шведска, Љубомир Врањеш, откако ќе ја заврши својата авантура во Ним, во новата сезона ќе биде дел од Фленсбург, клуб со кој во сезона 2013-2014 ја освои Лигата на шампионите.

Токму освоената титула во елитното натпреварување е најголемиот клупски успех за Врањеш како тренер. Поранешниот репрезентативец на Шведска сега се враќа во Фленсбург, но не како тренер.

Раководството на бундеслигашот објави дека Врањеш од сезона 2023/24 ќе ја извршува функцијата спортски директор на клубот. До овој момент, оваа функција беше во рацете на Ларс Кристијансен.

Врањеш во својата тренерска кариера го предводеше Фленсбург седум години. Беше тренер и на Кристијанштад од Шведска и унгарскиот гигант, Веспрем, но со ниту еднаја извршув од двете екипи не забележа резултати за пофалба, односно не ги оствари зацртаните цели на европска сцена.

Краток период ги предводеше репрезентациите на Србија, Унгарија и Словенија.

Во оваа сезона е главен тренер на Ним и со тимот успеа да обезбеди пласман меѓу најдобрите пет француски екипи.