Милица Николиќ верна на шампионот – и во следната сезона ќе игра за Ѓорче Петров

Македонскиот шампион Ѓорче Петров во новата сезона на располагање ќе ги има речиси сите ракометарки од минатогодишниот состав.

Договорот со клубот го продолжи и македонската репрезентативка Милица Николиќ, која во тимот на Симе Симовски пристигна во пролетниот дел од сезона 2021/22 и беше една од најзаслужните за освојување на двете шампионски титули во домашниот шампионат.

Левиот бек потекнува од школата на Металург и ги мина сите младински категории на тимот од Автокоманда. Во својата кариера настапуваше и за екипата на Вардар.

Ѓорче Петров ја продолжи соработката и со Ангела Јанкуловска, Емилијана Ризоска, Ива Божиноска, Марија Јанкуловска, Слободанка Кицеска и Анастасија Николовска.

Ново име во таборот на Ѓорче Петров е довчерашната голманка на Вардар, Јована Трајкоска. Во следниот период се очекува да пристигнат уште неколку засилувања, кои би ги пополниле дефицитарните позиции во тимот.