Ларс Валтер повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денес соопшти дека спогодбено го раскина договорот со тренерот Ларс Валтер.

Иако имаше потпишано соработка до јуни 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со битолскиот клуб, како последица на лошите резултати во Европа оваа сезона.

Еурофарм Пелистер предвреме ја заврши европската авантура во натпреварувачката сезона 2022/23 и не успеа да ја мине групната фаза.

На утрешниот натпревар против Пролет екипата ќе ја води првиот асистент на Валтер, Божидар Мојсов, а во понеделник клубот ќе го именува новиот предводник.