Лани сакаа да играат во СЕХА, сега се пред откажување од домашниот шампионат!

Грчкиот Олимпијакос веројатно ќе се откаже од играњето во грчкиот шампионат, откако стана јасно дека нема да го игра денешниот дуел со Арис Никаиас.

Тимот од Пиреја, кој лани имаше големи амбиции, сакаше учество во СЕХА и го донесе Ненад Кљаиќ на тренерската позиција, поради финансиски проблеми нема да може да ја доврши сезоната, за што веќе била известена и тамошната федерација.

По ковид-проблемите лани, најпрво си заминаа сите странски ракометари – Кобетиќ, Чуриќ, Лемос, a по прекинот на грчкото првенство лани во декември си замина и тренерот Кљаиќ.

Очигледно е дека финансиските проблеми се толку големи, што тимот не може да игра ниту во домашното првенство, а во следните денови останува да видиме дали ќе биде најдено некое решение за клубот да продолжи да функционира.