Лани беше пред трансфер во Вардар, сега ќе игра за просечен француски тим

Младиот француски пивотмен Робин Дур (21, 207,115), кој минатото лето беше пред трансфер во Вардар, по една година заминува од шпанскиот Ваљадолид.

Дур, кој со кадетската репрезентација на Франција стана светски првак и европски вицепрвак, а со младинската стигна исто така до светска титула, во следните две години ќе настапува за Иври.

Тој е ракометар на ПСЖ, кој лани го потпиша првиот професионален договор по трансферот од Мец. Раул Гонзалес се реши да биде отстапен, бидејќи конкуренцијаата во ПСЖ е голема – Хенрик Тофт Хансен, Камил Шипжак и Лука Карабатиќ.

Вардар лани бираше меѓу Домен Сикошек Пелко и Робин Дур, па по трансферот на Словенецот во Скопје, Дур замина во Ваљадолид, каде мина само една сезона.