Лани беше дел од Металург, сега ќе игра заедно со Поповски во Цирих

Поранешниот ракометар на Металург, Маријан Мариќ во новата сезона ќе настапува во швајцарското првенство и ќе го носи дресот на Амичитија Цирих, клуб во кој настапува и македонскиот интернационалец, Мартин Поповски.

Раководството на клубот посакува подобри резултати во новата сезона и за таа цел  донесе неколку квалитетни засилувања.

Мариќ во Амичитија Цирих ќе пристне од австрискиот тим Алпла Хард. Во Македонија, Мариќ одигра една сезона, а лани пред стартот на групната фаза од Лигата на Европа замина во Австрија.

Освен Мариќ, нови засилувања во Амичитија Цирих се и десното крило од Чешка, Давид Полоз и искусниот интернационалец од Холандија, Исо Слујтерс.

Пред почетокот на швајцарскиот шампионат кој е предвиден да стартува на 2 септември, Амичитија Цирих ќе одигра неколку контролни натпревари против домашни и странски екипи.