Лазаров ќе игра уште една година, наскоро потпишува нов договор

Капитенот и селектор на Македонија, Кирил Лазаров останува активен на терените и во следната година ќе биде активен и ќе биде на терените откако веќе е сè поизвесно дека ќе ја продолжи играчката кариера.

Според францускиот Лекип договорот од Нант е веќе подготвен и тој наскоро ќе го стави потписот така што ќе остане дел од оваа екипа и во следната сезона 2021/22 со што веќе е сосема јасно дека ќе биде активен на теренот и во репрезентацијата на Македонија.

Лазаров е во Нант од 2017 година, а сосема извесно е дека тука и ќе остане и во следната сезона што ќе биде вторпат во неговата кариера во еден тим да игра пет сезони после Веспрем каде настапуваше од 2002 до 2007 година.

Дали со останувањето во Нант покрај тоа што ќе биде активен на теренот ќе биде и дел од стручниот штаб на Алберто Ентрериос ќе биде познато исто така наскоро.

Со оглед на тоа во каква форма настапува годините за Лазаров не се никаков проблем иако за еден месец ќе наполни 41 година. Со неговото искуство и континуирана работа сосема јасно е дека ќе може да го покаже најдоброто и во сезоната која следува во која со Македонија ќе може да настапи на уште едно големо натпреварување односно да игра на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Денеска со тимот на Нант се наоѓа во Полска каде што вечерва ќе се соочи со Келце во реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите, а ќе се обиде да дојде до нови два натпревари од најсилното клупско натпреварување.