Лазаров: Треба да ги засукаме ракавите и да ги вратиме младинските репрезентации каде што треба!

На седницата на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија, селекторот Кире Лазаров го поднесе својот извештај за периодот мината на клупата на машката репрезентација.

Македонија по седми пат обезбеди место на Европското првенство, а Лазаров ќе ја предводи репрезентацијата и како играч и како селектор.

“Сакам да се заблагодарам за шансата да бидам селектор на машката репрезентација и да работиме заедно за доброто на македонскиот ракомет. По моето назначување, квалификациите ги почнавме успешно со Финска дома и Швајцарија на гости, а продолживме и со триумф над светскиот првак, славевме потоа уште два пати на гости кај Финска и дома со Швајцарија. Покажавме карактер на последниот натпревар, иако немавме натпреварувачки мотиви, се доведе во прашање нашата победа и ги демантиравме сите што се сомневаа во нас. Иако Швајцарците беа мотивирани и го завршивме циклусот повеќе од успешно со 10 бода. Единствениот пораз го доживеавме во Данска, но на тој дуел им дадовме шанса на помладите да видиме што можат против светски и олимписки шампион. јас сум повеќе од задоволен не чека ЕП, треба да бидеме цврство на земја. Имаме тоа што имаме, треба да работиме максимално цврство и претпазливо, да не се залетуваме, затоа што сите грават напред со крупни чекори. Ние ќе одиме чекор по чекор, ние како федерација и јас како селектор да направиме промена на генерација, а да не го загубиме континуитетот на настапи на големи натпреварувања”, кажа Лазаров.

Тој ја поздрави одлуката на РФМ да се играат младинските лиги во ваков тежок период.

“Благодарност до РФМ што го усвоија предлогот да се играат младинските лиги, тоа е од фундаментално значење за развоојот на младите играчи. Мора да работиме , да ги засуквме ракавите, сите младински селекции да ги вратиме на големите натпреварувања. Ќе бидеме домаќини на ЕХФ шампионатот, кој мора да го освоиме за да се пласираме на ЕП. Сите други селекции базата и квалитети ги создаваат на тие младински првенства. Важно е сите наши селекции да учествуваат на такви првенства а јас заедно со мојот тим посветено ќе работиме да ги пласираме на ЕП”, заврши Лазаров.