Лазаров: Следните три натпревари ќе ги искористиме за младите да добијат искуство

По убедливата победа против Алжир од 40-25, многу пооптимистично лице и кај селекторот Кирил Лазаров.

Тој напомена дека е многу задоволен од денешниот настап на нашата репрезентација против африканскиот ривал со голема традиција.

Задоволен сум од денешната победа и би сакал да им честитам на моите ракометари. Не е лесно да се победи Алжир со 15 голови разлика бидејќи имаат искуство и традиција во ракометот. Многу сум задоволен бидејќи денеска игравме многу добро во нападот и одбраната, бевме концентрирани шеесетина минути, а и нашиот голман Митревски беше одличен и беше прогласен за играч на натпреварот. Останатите натпревари ќе ги искористиме за нашите млади ракометари да го добијат потребното искуство бидејќи ние имавме комплетна смена на генарации, имаме комплетно нов тим и тоа ќе биде многу важно и корисно за нас. Имаме за играње уште три натпревари против Тунис, Мароко и уште еден тим, кои многу ги респектираме. Посебно сум задоволен што веќе на полувреме имавме високо водство од 9 голови разлика па можев да ги одморам моите поискусни ракометари кои ќе бидат потребни за следните важни натпревари.- ги искажа своите импресии селекторот Лазаров по првата победа на Мундијалот.

Македонија во сабота од 18:00 часот го игра својот следен натпревар против Тунис, а веќе во понеделник во истиот термин ќе ги одмери силите со селекцијата на Мароко.