Лазаров скрати список – 23 ракометари во потесен избор за настап на ЕХФ шампионатот (ФОТО)

Селекторот на машките репрезентации на Македонија, Кире Лазаров, по два дена тренинзи минатата недела, го скрати поширокиот список на ракометарите пред ЕХФ шампионатот во Скопје.

Од првичниот список со 39 ракометари, тој е скратен и подготовките за настапот ќе стартуваат со 23 ракометари. Лазаров за секој случај вметна плус шест резерви, доколку се случи нешто непредвидено.

Подготовките стартуваат на 5 јули од 13:00 часот, а допрва ќе биде познато дали ќе бидат одиграни пријателски натпревари пред стартот на натпреварувањето.

Македонија е во групата А заедно со Полска и јужниот сосед, а ЕХФ шампионатот ќе се одржува од 9 до 15 август во Скопје.