Лазаров скрати список – смета на 21 ракометар за Финска и Швајцарија (ФОТО)

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кире Лазаров, го објави скратениот список пред последните две средби од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Лазаров ќе смета на 21 ракометар пред натпреварите против Финска на гости и Швајцарија на домашен терен. На списокот се најдоа и три резерви – Дејан Кукуловски, Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.

Во споредба со претходниот скратен список пред дуелите со Данска се враќа Бојан Маџовски, а ги нема Димитар Димитриоски и Цветан Кузманоски, кој сега е резерва, а го нема ниту Горан Крстевски.

Натпреварот против Финска се игра на 28 април во Рихимаки од 17:00 часот, додека оној против Швајцарија е на програмата на 2 мај во Скопје од 18:00 часот.