Лазаров против тимот со кој освои титула, Хансен ќе „удри“ на новиот клуб

Денеска и утре ќе се одиграат натпреварите од завршниот турнир во Лигата на шампионите, со што ќе се стави крај на сезоната во европски рамки.

Тимот на ПСЖ ќе се обиде да стигне до финалето преку данскиот дебитант Алборг, во натпреварот кој започнува од 15:15 часот, додека во второто полуфинале Нант на Кире Лазаров ќе се соочи со Барселона, тимот со кој нашиот капитен и селектор ја освои единствената европска титула досега во 2015 година. Овој дуел се игра од 18:00 часот во „Ланксес Арена“.

Фаворити за место во финалето се Барса и ПСЖ, но во Келн, скоро никогаш не победуваат фаворитите. Дали ќе биде таков случајот и денеска останува да видиме.

Алборг има набиен и густ распоред и во данскиот шампионат, ПСЖ ќе биде одморен, а ќе видиме колку Микел Хансен ќе биде мотивиран против новиот негов клуб, и дали Раул Гонзалес ќе ги користи услугите на штотуку вратениот на терен, Никола Карабатиќ.

Барселона на Ф4 често го плаќа данокот на слабата Асобал лига, а дали така ќе биде и овојпат, ќе видиме. Ова ќе бидат последните натпревари во каталонскиот тим за тренерот Пасквал, капитенот Ентрериос и уште низа играчи, па ќе имаат дополнителен мотив да си заминат на најдобар можен начин од Барса.

Не чека дводневно ракометно уживање во Келн.