Лазаров постигна половина од головите, Македонија со плус шест на пауза

Машката репрезентација на Македонија го игра првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година. Ривал на избраниците на Данило Брестовац е селекцијата на Финска против која водиме со 16-10 по првото полувреме.

Двете селекции имаа лош почеток со многу грешки, па за првиот погодок се чекаше четири минути. Финците одолеваа и одржуваа рамнотежа до 4-5 во 15. минута, а потоа нашите ракометари се чини ја направија клучната серија.

Маџовски и Лазаров четири пати погодија за 10-5 во 20. минута на мечот, иако во овие моменти водството на Македонија можеше да биде зголемено уште повеќе, бидејќи ривалот играше со три ракометари во поле.

На пауза се замина со плус шест, откако Лазаров погоди од пенал по истекот на времето. Капитенот постигна половина од погодоците на нашата селекција – седум, а три гола даде Кузмановски.