Лазаров одигра за десетка, ама Нант во последната секунда загуби од Лимож

Тимот на Нант, каде што игра македонскиот капитен Кире Лазаров, загуби на гостувањето кај составот на Лимож со минимални 32-31.

Нашиот репрезентативец беше најдобар стрелец во Нант и на натпреварот воопшто  со десет голови од 15 обиди, но тоа не беше доволно барем за бод од незгодното гостување.

Нант водеше во првиот дел и со четири голови, но во финишот губеше и со три разлика. Сепак израмни преку Балагер на 31-31 на триесетина секунди до крајот.

Но во последната прими гол и Лимож, кој беше предводен од алжирскиот репрезентативец Бразиле со девет голови, се радуваше на голем триумф.