Лазаров: Навивачите се нашето богатство

Македонија со три порази од Словенија, Црна Гора и Данска, го заврши настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Сепак навивачите и покрај тоа, до крај максимално ги бодреа и поддржува македонските ракометари, а селекторот Кире Лазаров им се заблагодари од срце.

„Тоа им го кажав на моите колеги од стручниот штаб, тоа што го имаме е богатство. Не поддржуваат толку години, издвојуваат средства навистина од срце сум им благодарам. Не е срамота да се изгуби од Данска. Почуствувавме една позитивна енергија кога изгубивме, им кажав на моите колеги ова е добар знак, ќе одиме напред ќе се бориме, нема да биде лесно, меѓутоа во најмала рака постојано ќе бидеме присутни на големи натпреварувања, а како ќе проаѓа времето ќе направиме подобар резултат“, вели Лазаров.

Следен предизик за нашата селекција ќе биде првиот бараж за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.