Лазаров: Мора да бидеме задоволни, но и претпазливи

Македонија ги доби ривалите на патот до ново учество на Европското првенство во 2024 година во Германија.

Селекторот Кире Лазаров е задоволен по ждрепката. Неговите избраници ќе се соочат со Португалија, Турција и Луксембург.

„Мораме да бидеме реални и да кажеме дека сме задоволни од ждрепката, иако со нашиот менталитет и карактерни особини секогаш мораме да бидеме претпазливи. Сепак, не треба да се залажеме дека ќе имаме фаворитска улога за пласман на ЕП во оваа група. Медитеранските игри ќе ни послужат да испробаме и видиме играчи што би конкурирале за стартот на квалификациите за Еп, а тие се во октомври годинава. Нашата цел е да создадеме 20-25 квалитетни репрезентативци што би можеле да одговорат на обврските во кое било време и во која било ситуација“, изјави селекторот Лазаров.

Македонија ги стартува квалификациите во октомври годинава со домашен дуел против Луксембург, а потоа ќе и гостува на Турција. Двомечот со Португалија ќе биде во март догодина.

Поволна ждрепка: Португалија и Турција стојат на патот на Македонија до ЕП!

Македонија стартува дома со Луксембург, двомечот со Португалија во март догодина!